| четврток, 6 декември 2018 |

„Македонски вински пејзажи“ – изложба во Кавадарци на познатиот австриски уметник Бернхард Холеман

Традиционалната манифестација „Кавадаречка културна есен“ влегува во последниот дел од годинашното издание. Од почетокот на октомври во рамките на „Кавадаречка културна есен 2015“ досега, се одржани повеќе од 40 културни и уметнички настани од областа на класичната музика, џезот, ликовната уметност, литературата, театарската уметност и друго. До средината на декември, кога свечено ќе биде затворена манифестацијата, кавадаречката публика ја очекуваат уште десетина настани.

Денеска во вторник, на 1 декември 2014, со почеток од 19 часот, во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, ќе биде отворена изложба на познатиот автриски ликовен уметник, Бернхард Холеман, со наслов „Македонски вински пејсажи“. Во четврток пак, на 3 декември 2015, со почеток од 19 часот, исто во Галеријата при кавадаречкиот Дом на култура ќе се одржи целовечерен концерт на познатата македонска пијанистка Ана Гацева.

30e814e6-631c-4d04-8a14-34cff7cb4f67

Во меѓувреме, Театарот при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ продолжува успешно да ја игра претставата „Женидба“ по текст на Н.В.Гогољ и во режија на Драган Велјановски, чија премиера беше токму на „Кавадаречка културна есен 2015“ и досега има десетина репризи.

Кавадаречките актери со „Женидба“ по успешното гостување во Демир Капија, во понеделник на 30 ноември гостуваат во Гостивар, на сцената на Центарот за култура „АСНОМ“, наредниот понеделник, на 7 декември се во Куманово, на 16 декември во Делчево, а веќе се закажани и гостувањата во Скопје, Неготино и други градови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top