| четврток, 6 декември 2018 |

Плејбој зајачица сака да биде претседателка на Фудбалски сојуз (видео)

Има сериозна намера да ја преземе главната функција во Фудбалскиот сојуз на Чиле.

плејбој насловна

Чилеанскиот модел и жешката навивачка на репрезентацијата  изминативе денови ги прегреа социјалните мрежи. Причина? Намерата и е да ја преземе главната функција во Фудбаслкиот сојуз на Чиле.

Таа е Даниела Чавез, сензуален чилеански модел, кој се стекна со слава позирајќи за Плејбој.

даниела

Најчесто ги користи нејзините налози на социјалните мрежи да го коментира фудбалот и да ги поддржи „црвените“ (репрезентацијата на Чиле) во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година.

дани2

Меѓутоа пред неколку дена нејзината љубов кон фудбалот доживеа кулминација. Даниела планира да се кандидира за претседателка на Сојузот на Чиле.

дани3

Вистина или не, за оваа тема се дискутира на социјалните мрежи. Мнозинство ја смета оваа идеја за лудост, додека другите не го гледаат тоа така. Времето ќе покаже дали ваквите чуда се возможни.

дани4

Националната фудбалска асоцијација ги закажа изборите на 17 декември за да се најде замена за Серхио Жадуео кој поднесе оставка поради тоа што ненадејно мораше да отпатува во САД, каде во моментов се спроведува истрагата на ФБИ за случајот на корупција откриен во ФИФА.

дани6

Пред неколку дена Чаавез се разголила давајќи им поддршка на фудбалерите на Мексико за квалификациите за СП.

Estaremos recorriendo las mejores discoteque del País! #DanyLovers #Playboy #Conejita . .

A video posted by Daniella Chavez (@daniellachavezc) on

Инаку, Даниела медиумите ја поврзуваат со Кристијано Роналдо со кој наводно имала љубовна афера.

дани8

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top