| четврток, 6 декември 2018 |

Тамара: Сите мои животни одлуки се само мои и ничии други

Тамара Тодевска во долг статус на „Фејсбук“ реагираше на последните написи поврзани со нејзиниот приватен живот, разводот со нејзиниот сопруг и евентуалната караница со Катарина Ивановска (повеќе тука).

„Драги мои…
Сакам да ви се обратам и да ви кажам дека мојот приватен живот е само мој и ниту еднаш не сум се согласила да го делам и со тоа да бидам храна за медиумите кои се во вечна потрага по сензационализам.
Зад мене е еден исклучително напорен период и јас сето тоа го крунисав со одличен концерт. Патем им се заблагодарувам на сите медиуми што пишуваа за мене и за овој мој значаен настан.
Последните пишувања во врска со мојот брак, како и за мојата пријателка и наводните приказни во написите нема да ги коментирам, но сакам да ви соопштам дека сите мои животни одлуки се само мои и ничии други.
На крајот од денот, оставам секој да постапува според своите размисли и етички принципи .Но вулгаризирањето и девалвирање на моето име, како и спомнување: должење пари, љубовен триаголник и останати глупости…
Чаршиските муабети секогаш постоеле и ќе постојат, но мојата мисија е да ширам љубов, да верувам во чуда, да сонувам за уште поголеми успеси и да ги правам луѓето среќни.
Со мојот концерт созреав и научив да бидам храбра и да си верувам себеси… сите приземни муабети ќе имаат кратко паметење и ќе биде храна за хиени. Јас сакам да го освојам универзумот, мојата музика е мојот живот, а мојата публика да се идентификува, да плаче, да се смее со мене…
Ја имам пред себе најголемата задача, да бидам добра и одговорна мајка на моето дете, да работам вредно и да му обезбедам убав и безгрижен живот, наведените наслови по порталите сигурно нема да ми помогнат во тоа, но јас, сепак, сум едно среќно дете и ви порачувам да се сакате и да бидете среќни!
Ваша Тамара“

 

Фото: Официјална фан-страница на „Фејсбук“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top