| четврток, 6 декември 2018 |

Најскапите хотели за слабеење

1

Денес постојат секакви хотели, за секакви потреби и разни видови туристи. Не е изненадување дека постојат и хотели за слабеење. Тоа е нешто како луксузна фитнес одмор, при што присутните имаат различни спортски активности во текот на денот, слушаат предавања на нутриционисти и се под надзор на специјалисти.
Овие хотели се доста распространети во САД. Погледнете ги 5-те најлуксузни од нив:
5. Хилтон хед хелт – 3 800 долари неделно
2

Овој хотел се наоѓа во Јужна Каролина. Тука минимумот е 3 ноќевања, како и пакети за 7 и 10 дена. Достапни се различни спортски активности, како и спа третмани. При самото пристигнување  имате консултација со специјалист. Нудат здрава храна, 24 часовен пристап до базен и до фитнес сала.
3

4. Инспајр фит резортс – 4 550 долари неделно
4

Овој хотел се наоѓа во Парк Сити Јута. Секој гостин е сместен во апартман со камин, веранда и поглед кон планините.

5

Тука има огромен топол базен, игралиште за голф со 18 дупки и спа центар, во случај да ви остане време, по цел ден поминат во консултации и спорт.
6

3. Ранчо ла пуерта – 4 800 долари неделно
7

Овој хотел се наоѓа во Баха, Калифорнија. Тука дефинитивно ќе слабеете со стил. Покрај фитнес активности, тука ќе ве водат и на заморни прошетки по ридовите. Во хотелот исто така нудат и медитација и акупунктура.
8

9

2. Д ранч ет лив оук – 6 200 долари неделно
10

Овој ранч е во Малибу, Калифорнија. Овде ќе посетувате фитнес сала, часови по јога и часови по сурфање. Секој ден имате право на масажа и на попладневна дремка.
11

12

1. Кал-а-ви – 8 295 долари неделно
13

Овој комплекс се наоѓа во Виста, Калифорнија. Потребни се минимум 7 ноќевања, па можете да изберете т.н. „Европски пакет“ од 7 дена. Тој вклучува 50 минутна масажа и ексфолијација, три маски за лице, процедури за коса, ставање шминка и природно фитнес вежби.

14Додека ви прават масажа или кревате тегови во салата, ќе имате прекрасен поглед кон калифорниската природа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top