„Предупредуваме, сите цели што за нас претставуваат потенцијална опасност, ќе бидат уништувани“, рече началникот на Главното оперативно управување на Генерал-штабот на руската армија, генерал-полковник Сергеј Рудској.
Зборовите на највисоко поставеното воено лице доаѓаат откако во медиумите се појави информација дека две турски подморници го следат рускиот крстосувачот „Москва“ покрај бреговите на Сирија.
Според податоците на Генерал-штабот во Анкара, во регионот се испратени подморниците „Долунај“ и „Буракреис“.
Откако турски авиони го соборија рускиот Су-24 на 24 ноември 2015 година, Русија го испрати крстосувачот „Москва“, кој се наоѓа во акваторијата на Средоземно Море, во близина на брегот на немирната блискоисточна земја. Мисијата на крстосувачот е да ја чува базата на руските воздухопловни сили „Хмејмим“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.