Согласно со Законот за празниците на Република Македонија, во 2015 година следниот неработен ден е на 8. декември (вторник), „Св. Климент Охридски“.
На овој ден го славиме македонскиот светец и еден од учениците на светите Кирил и Методиј, кој учествувал во извршувањето на Моравската мисија. По смртта на св. Методиј, бил истеран од Панонија, Германија и побарал сапс во Бугарија. По барање на бугарскиот цар Борис I оди во Охрид, (административно, регионот во тогашното царство бил познат како Кутмичевица) каде што во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој како подготвени излегле 3.500 ученици. Тој е познат македонски и словенски учител, а исто така е познат и по градот Охрид.
Св. Климент бил и првиот Епископ Словенски со титула Епископ Велички. Во негова чест се именувани многу училишта низ Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денеска е еден од најголемите празници: Се верува дека жените кои немаат деца, а се помолат, ќе добијат дете!
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа голем и тежок празник: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Денеска е голем празник на љубовта: Ако сакате да ја дознаете вашата сродна душа, пред спиење направете го ова…