Пекинг се соочува со најголемото загадување на воздух во оваа година, а на локации во градот каде што се мери загаденоста, утврдено е исклучително опасно ниво на загадени честички. Официјалните власти во градот издадоа и портокалов знак за тревога, кој е втор по ред од четирите најопасни нивоа на опасност.
Според податоците што ги објавија службите на градот, нивото на загадените честички поситни од 2.5 микрометри во воздухот изнесува повеќе од 600 микрограми на кубен метар, додека Светската здравствена организација пропишала дека безбедно ниво на таквите честички во воздух изнесува 25 микрограми на кубен метар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.