| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на портрети и фотографии од лица со псоријаза на Иан Елзесер

Младиот графички дизајнер Иан Елзесер е автор на необична изложба на дела создадени од мртвото ткиво од кое се ослободува преку заболувањето псоријаза. Изложбата почнува денеска во 18 часот во популарната скопска кафеана „Сокаче “.

12333727_10153680379004361_171634635_o (Custom)

Во неа ќе бидат изложени портрети и фотографии од лица со псоријаза. Целта на младиот автор, Иан Елзесер,  е преку овој уметнички перформанс да се ослободи од сите непријатности што ги доживува поради псоријазата. Најмногу сака да ја разбуди свеста кај луѓето.

Проверете како му успеа тоа на Иан, кој веќе шест години се бори со псоријаза.

12309092_10153680379159361_451527620_n

Иан Елзесер

 

– Не ме засега што ќе кажат другите за оваа идеја. Свесен сум дека е бизарна. Важно ми е да се ослободам од се низ што поминувам и да го искористам мртвото ткиво на поинаков начин,. Да го преточам во уметност – открива Иан.

Тој е автор на уметничките дела, а за фотографиите му помогна Мартин Саровски, кој е ко-автор на фотографиите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top