| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на роман за деца од Коста Милков

Промоцијата на книгата ќе се одржи во вторник, на 1 декември од 18:30 часот, во „Театарот за деца и младинци“.

Станува збор за роман за деца со наслов „Светот на сребрениот кладенец“ во издание на „Метаноја“.

Авторот Коста Милков дава кус опис на заплетот и расплетот во книгата: Аурурово, обично село во пазувите на планината Вита. Или пак и не така обично? Аурурово крие тајна чие откривање ќе поведе две деца, брат и сестра, Златко и Златанка на опасни патувања во непознат свет со кој владее лукава сребрена змија по име Аргир. Низ овие патешествија тие ќе се запознаат со вистинското потекло на татко им Платнар. Јавнати на еднорози Златко и Златанка ќе војуваат против Аргир со харфа и со песна наспроти копјата и стрелите на неговата војска. Ќе излезат ли нотите и мелодијата посилни од ѕвекотот на оружјето?

Коста Милков е роден во 1970 година во Струмица. Се образовал во Скопје, Осијек, Бостон и Оксфорд. Претседател е на Балканскиот институт за вера и култура, автор на бројни стручни написи, и говорник со меѓународно искуство. Покрај стурчните тестови, Коста пишува поезија и проза. Ова е негов прв роман за деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top