Девет модни ревии на македонски и на бугарски текстилни фабрики се одржаа во галеријата „Безистен“ во Штип вчеравечер, во насока на градење на зеднички регионален бренд и поставување подобри стандарди во текстилното производство.
На настанот организиран од македонскиот текстилен кластер во соработка со Моден викенд Скопје, колекциите ги претставија домашните текстилни фабрики „Амор“, „Астибо фешн груп“, „Кули“ и „Ларс“ и бугарските „Витал“, „Пирос“, „Нов свет“, „Мартекс“ и „Силвер деј“. На ревиите дента им претходеше и форум во Штип, на кој членовите на кластерите дискутираа за проблемите со кои се соочуваат фабриките од двете земји и за идните активности со кои би се подобрил имиџот на текстилните индустрии во регионот.
Фабриките се обединија во рамките на пограничниот проект „Јакнење на капацитетите на текстилната индустрија во пограничниот регион преку учење на добри практики и имплементација на промотивни активности“, кој текстилниот кластер од Македонија го спроведува во партнерство со Браншовата организација за текстил и облека од Бугарија.
Проектот е финансиран од Европската унија преку ИПА програмата за Погранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија, а организациска и логистичка поддршка беше обезбедена и од Опшината Штип.
фото: Емилија Маневска
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст






