Градското дерби помеѓу фудбалерите на Тотенхем и Челси во 14 –то коло на Премиер лига заврши 0:0.
А тој натпревар тренерот на Челси Жозе Мурињо режи од тимот да го изостави Дијего Кошта. И не само тоа. Прво Португалецот на почетокот на вториот дел го испрати Шпанецот на загревање, но воопшто не го внесе во играта.
Мурињо цел натпревар ја одигра без класичен шпиц, а во самото финале направи две измени.
Кога Кошта сфатил дека нема да добие шанса го фрли „маркерот“ за загревање и тоа во правец на Мурињо. Некои медиуми пишуваат дека дури и го погодил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



