| четврток, 6 декември 2018 |

Нејмар: Сакам уште долго да останам во Барселона

FC Barcelona vs Real Sociedad

Бразилскиот репрезентативец и член на Барселона, кој оваа сезона игра фантастично во дресот на каталоснкиот гигант истакна дека посакува уште долги години да го носи дресот на неговиот клуб.
Иако неговиот татко многупати досега изјавуваше дека неговиот син воопшто не е заштитен во Шпанија, и дека во таа држава се многу големи даноците кои ги плаќаат фудбалерите, самиот Нејмар изрази желба за остане во Барселона и по истекот на договорот во 2018 година.

– Точно е, татко ми имаше такви изјави, меѓутоа јас одлучувам за мојата судбина. Во моментот се водат преговори за продолжување на договорот, затоа што и јас имам таква желба“, изјави Нејмар.

Актуелниот договор на Бразилецот со Барселона има важност до 2018 година, а каталонскиот тим сака да го задржи најмалку уште три години подолго. Според информациите од Шпанија, на Нејмар ќе му биде понуден договор со годишна плата од 15 милиони евра, со што ќе стане трет најплатен фудбалер во светот, по Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top