Вкупно 51.000 денари се украдени вчера вечер од автомат клуб за игри на среќа во Скопје, соопшти полицијата.
Кражбата ја сторило непознато маскирано лице кое околу 19:30 часот влегло во клубот на улицата „Наум Наумовски Борче“ и со пиштол и се заканило на вработената, подавајќи и кеса да го стави дневниот промет. Откако таа ги ставила парите, разбојникот го напуштил местото на настанот и се упатил во непознат правец. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



