Здравјето на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти е сериозно нарушено, признаваат од Ватикан.
– Тој нема да биде уште долго со нас – рече Палома Гомез Бореро, шпански ветеран дописник од Ватикан, кој ја следи здравствената состојба на поранешниот папа Бенедикт.
Од Ватикан таквите предвидувања ги оценуваат за премногу „алармантни“, но признаваат дека поранешниот папа во последниве месеци е физички ослабен. Поради истата причина ја поднесе својата оставка.
Минатиот месец јавноста дозна дека на поранешниот папа Бенедикт пред десет години му е инсталиран пејсмејкер и дека три месеци пред објавувањето на оставката истиот бил заменет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.