| четврток, 6 декември 2018 |

Путин во полициски регистар во Финска

Финската полиција го ставила името на рускиот претседател Владимир Путин во полицискиот компјутерски регистар на осомничени сторители на кривични дела.

Како што јави дописникот на МИА, името на Путин било вклучено на еден таен список на поединци осомничени за врски и соработка со организираниот криминал врз основа на неговите контакти со мотоциклистичките банди.

По обелоденувањето на оваа инфромација се огласи и финската полиција која соопшти дека името на рускиот претседател било вклучено на т.н. црна листа на Централната криминалистичка полиција врз основа на „погрешна евиденција“ и „без законска основа“.

Финската телевизија МТВ3 јави дека финскиот министер за внатрешни работи Паиви Расанен му се извинил на Владимир Путин и му соопштил дека неговото име е избришано од полицискиот регистар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top