“Задник или гради?”, најчесто е прашањето кое им се поставува на мажите кога сакате да откриете што ги привлекува најмногу на женското тело. А, што најмногу ги привлекува жените на мажите?
Крис Нелсон поминува доста време во теретана, а кога се запрашал што навистина ги привлекува жените, одлучил да го пронајде одговорот на необичен начин. Тој одбрал 50 жени од својот телефонски именик и им испратил порака со прашањето што им е најсекси на машкото тело. Кога ги добил одговорите, ги анализирал резултатите и направил листа. Еве ги одговорите…
1. Рамена
Жените сакаат машки со силни, симетрични рамена. Мажи, немојте да ги запоставите. Иако се дури на петтото место, сепак ни паѓаат во очи…
2. Задник
Задникот е во златната средина. Овој дел од телото жените особено го сакаат, па ако сакате да ги импресионирате немојте да го занемарите задникот следниот пат кога ќе одите во теретана. Задниците се “жешки”, особено ако се цврсти и добро издефинирани.
3. Раце/бицепси/трицепси
Ова на жените им е вториот најважен собир на мускули кај машкото. А, и мажите сакаат да ги истакнуваат. Маица со кратки ракави иако надвор е ладно, како и тесен модел на маица, со сигурност ќе ги залепи женските погледи со магнетна привлечност.
4. Стомачни
Скоро без конкуренција, стомачните на машкото тело ја понесуваат победата. Барем ако ги прашате жените. “Плочките” мамат воздишки кај жените. Поголемиот дел од жените ќе се согласат – стомачните се најпривлечен и најзаводлив дел од машкото тело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.