Познатата порноглумица Илона Сталер, позната како Чичолина, реши да се кандидира за градоначалник на Рим.
Шеесет и двегодишната порноѕвезда, која беше и пратеник во Парламентот на Италија, денеска и официјално треба да се најде на листата на Италијанската либерална партија. Едно од нејзините изборни ветувања е легализација на проституцијата и на лесните дроги.
Чичолина по потекло е Унгарка, а во 1987 година стана првата порноактерка која влегла во некој национален парламент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.