| четврток, 6 декември 2018 |

Експертски тим од ЕУ во понеделник во Македонија

В понеделник и вторник специјализиран тим од Европска Унија во Македонија ќе врши проценка за поставување опрема за регистрација на бегалци на јужната граница, објави „Алфа“.
migranti na granica (1)
Според информациите на Алфа, тимот на ЕУ доаѓа по интервенција на претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск, на кого за време на посетата на земјава, од шефот на државата, му било посочено дека Македонија се уште ја чека опремата за која уште пред 2 месеци доставила барање до Канцеларијата на ЕУ во Скопје, а  МВР и МНР барањето го доставиле и до Европската Комисија.
Опремата на еден начин ќе ја олесни работата на безбедносните служби за контрола на бегалците кои ќе поминат низ територија на Македонија, но и понатаму останува на сила одлуката на членките на Унијата да не се пропуштаат економски мигранти. Заменик министерот за внатрешни Митко Чавков за Алфа посочува дека и понатаму останува притисокот од грчка страна кон Македонија.
– Во Грција се уште не можат да се справат со тој масовен бран, не можат да вршат селекција, не можат да вршат диференцијација на бегалци и економски мигранти и веќе има трупање на економски мигранти кон нашата граница на грчка територија. (некаде сега има околу 2.000 економски мигранти тие неколку дена се таму блокирани.) Грција не прави ништо за ди ги преземе или да падне некој друг договор на ниво на ЕУ да се пропуштат ако не се преземат во камповите во Грција би требало да се пропуштат низ Македонија но тоа е за мене една загрижувачка ситуација бидејќи притисокот расте кон Македонија – вели заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков.
Заменик министерот вели дека не ја исклучува можноста за ескалација на ситуацијата како пред некој ден, кога економските мигранти ја каменуваа полицијата и војската, и ја срушија оградата со цел стампедото да влезе на територија на Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top