| четврток, 6 декември 2018 |

„Лесната“ девојка на син му причина за да тргне во крвав поход?

Држеше пиштол во рацете. Мислев дека е само играчка и дека се шегува. Ни рече дека нема повеќе живот за нас… ова го раскажала Јаворка Богдановиќ, сопругата на монструмот од Велика Иванча, кој завчера во крвав поход во неговото село уби 13 луѓе, меѓу кои и неговиот син. Походот го запрел кога го пресретнала полициска патрола пред која си пукал во главата.

Жената, која беше ранета во вратот и се бореше за живот, сѐ уште е во болница, а единствено за што се интересирала било што се случило со нејзиниот син.

Јаворка, во обид да објасни зошто сето тоа се случило, рекла дека нејзиниот сопруг, со кого била 42 години во брак, бил многу нервозен човек, кој многу ја тепал.

– Љубиша беше многу нервозен. Таков беше и татко му. Ме тепаше. Не знам што му се случи утрото. Бев во кујната каде што спијам. Влезе со пиштол и рече дека за нас нема веќе живот. Тогаш пукаше. Во еден момент слушнав отворање и затворање на вратата. Пак пукање. Потоа се смири – раскажувала Јаворка.

За масакрот сведочи и Александар Стекиќ, кој успеал да се спаси затоа што во тој момент спиел, но, за жал, настрадала неговата мајка.

–  Како во сон слушнав истрел, но не реагирав. Спиев. Тогаш нешто повторно ме разбуди. Станав и тргнав кон ходникот. Тука ја видов мајка ми мртва. Се загубив. Го побарав татко ми на телефон. Тој веќе беше тргнат на работа – раскажува Александар Стекиќ.

Мештаните тврдат дека причината за стравотното злосторство била љубовната врска на неговиот 41-годишен син Бранко со девојка од соседното село. Шеесетгодишниот Љубиша во последно време, наводно, бил многу лут поради тоа затоа што девојката била на лош глас.

– За неа се зборуваше дека пред Бранко била со многу други мажи. Кога слушна за тоа, збесна! Се караше со син му. Се обидуваше на секој начин да го оттргне од неа. Сакаше син му во куќа да донесе чесна девојка, која нема да го срами – раскажуваат роднините на убиецот.

Фото: Блиц (патот на крвавиот поход)

patot na ubistvata

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top