На 15 ноември кинеските возови официјално ја започнаа својата рута низ македонските железници, а премиерот Никола Груевски беше еден од првите патници. За одличната соработка во ова поле, премиерот зборуваше во интервјуто за најтиражниот азиски весник „Чајна дејли“.
-Tоа искуство беше многу позитивно, поминавме 30-ина минути патувајќи со новиот воз, кој е произведен тука во Кина. Возот навистина е удобен, постигнува висока брзина. Нашата железница има одредени ограничувања, не дозволува на неа да се патува со повеќе од 120 или 130 километри на час, но сепак, и покрај тоа што возот патува бргу, немате чувство дека се движите со таа брзина, рече Груевски.
Премиерот истакна дека возот е одлично направен, дизајниран и упати честитки на производителите.
-Веќе купивме железнички композиции со кои заменивме 60 проценти од нашите патнички возови и сега почнуваме процедура за замена на остатокот, кои би требало да бидат испорачани до втората половина на следната година, заклучува премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


