| четврток, 6 декември 2018 |

Матјаж Брумен и официјално е нов играч на Горење од следната сезона

finale-kup-brumen3-615x400

Десното крило на РК Вардар, словенечкиот интернационалец Матијаж Брумен кој спогодбено го раскина договорот со македонснкиот шампион по завршување на оваа сезона се договори со управата на Горење во следните две сезони да настапува за овој тим.
Тој потпиша договор на две години кој започнува од 1.јули 2016 година и ќе биде големо засилување за Горење кој се чини подготвува одличен тим за следната сезона и настап во европските купови бидејќи пред извесен период се договори со уште еден вардаров играч, пикерот Алем Тоскиќ. Од управата на словенечкиот шампион се задоволни што успеале да се договорат со Брумен и велат дека со неговиот ангажман добиле голем играч кој заедно со Алем Тоскиќ сигурно ќе прави голема разлика на теренот.

– Горење е клуб кој отсекогаш претставувал важен дел од словенечкиот ракомет. Мојата цел е да победуваме што повеќе, да го освоиме словенечкиот шампионат и секако да бележиме успеси во Лигата на шампионите. Заедно со Алем Тоскиќ сигурно ќе бидеме од големо значење за клубот. Се договоривме лесно, затоа што ќе играм во мојата татковина. Би сакал да ѝ се заблагодарам на целата управа за коректните преговори – вели Брумен.

Во редовите на Вардар искусниот 33-годишен Брумен пристигна во 2013 година од Цимос Копер. Покрај за Копер, во кариерата тој настапуваше за Целје и Љубљана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top