Претседателот на анкетната комисија за прислушувањето Петре Шилегов од СДСМ деновиве е актуелен поради неговото барање во случај на нерешена ситуација во бројот на гласови во комисијата, неговиот глас како претседател да вреди за два.
На овој негов предлог жестоко реагираа претставниците на другите партии во комисијата, обвинувајќи го Шилегов дека се обидува да направи преседан каков што нема никаде во светот.
„Што ќе биде доколку двата гласа на Шилегов бидат различни, со едниот да гласа ЗА а со другиот ПРОТИВ? Како тогаш ќе може да знаеме што мисли ценетиот претседател Шилегов? Како оваа држава ќе може да оди напред, доколку го немаме неговиот амин?“, прашуваат другите членови на комисијата.
За да ја разреши ситуацијата Шилегов се сети на конечно решение:
„Сметам дека треба да имам право не на два, туку на три гласа во комисијата. Ќе прашате зошто… Па, доколку имам само два гласа, може да се случи едниот да го искористам за да гласам ЗА, а вториот глас за да гласам ПРОТИВ. Така е. Жив човек сум, имам право на дилеми, демократски е тоа. Мојот лидер Зоран Заев е жив доказ на човек кој си го задржува правото да се премислува“, изјави Шилегов и додаде:
„Затоа инсистирам да имам право на трет глас, кој ќе биде одлучувачки доколку ете, се двоумам дали да гласам ЗА или ПРОТИВ. Третиот глас кој ќе го добијам ќе мора да биде или ЗА или ПРОТИВ и со тоа конечно ќе знам и самиот кој е мојот став кој целата Анкетна комисија ќе мора да го почитува. Нема да имам право на трте-мрте во таква ситуација“.
За овој свој предлог гласаше самиот Шилегов и со два гласа ЗА и еден ПРОТИВ Шилегов го усвои предлогот Шилегов да има право на три гласа во Анкетната.
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст