| четврток, 6 декември 2018 |

Грешен демант од МВР, место за „Плусинфо“ – за „Курир“

Министерството за внатрешни работи наместо да го демантира порталот „Плусинфо“, своите реакции ги упати кон „Курир“.

Порталот „Нетпрес“ вчера објави дека новинарската перјаница на СДСМ, Бранко Героски ненамерно го откри обидот на технички назначениот министер Оливер Спасовски да делува надвор од законот и да ја политизира полицијата по партиска директива. „Курир“ повикувајќи се на пишувањата на „Нетпрес“, пренесе дека таа полициска истрага е под налог на министерот Спасовски.

Ваквите тврдења, пак, „Нетпрес“ ги основаше по информациите изнесени на „Плусинфо“ дека “МВР трага по групата која фрлала флаери против СДСМ“.

Откако на министерот на Спасовски му стана јасно дека постапува спротивно од законот, а тоа беше откриено од никој друг, туку од главниот опозициски стратег Бранко Героски, МВР синоќа излезе со реакција во која го демантира „Курир“, а не „Плусинфо“ кој тврди дека МВР трагала по групата која фрлала флаери против СДСМ.

-Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира тврдењата на порталот „Курир“ преземени и инсинуирани врз основ на пишувањата од порталот „Плусинфо“ со наслов :”МВР трага по групата која фрлала флаери против СДСМ”, се вели во демантот во кој се негира дека Спасовски издал таква наредба.

МВР не ги демантира пишувањата на Героски и „Плуинфо“ дека се води истрага, што значи дека Оливер Спасовски потрвдува дека постапува спротивно од Законот. „Курир“ од Бирото за јавна безбедност дознава дека директоро на БЈБ Горанче Савовски не потпишал таква наредба. Текстот на Героски се уште може да се најде на неговиот сајт, а се додека нема демант од Спасовски на овој текст, значи дека се постапува спротивно од законот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top