Сабота ќе биде облачен ден. Повремени, релативно краткотрајни сончеви периоди се можни локално во централниот и југоисточниот регион од земјава.Според МЕТЕОПРО на планините во западниот предел се очекува повремен, релативно слаб снег.
Во текот на ноќта ќе има извесно намалување на облачноста.Во однос на температурата, сабота ќе биде малку потопла од петок.
Котлините во северниот и западниот крај очекуваат темературен максимум само околу 6°С, а во југоисточниот крај до 10°С.
Скопје очекува облачно време. Наутро ќе има услови за сосема слаб дожд. Температурата нема да надмине 7°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


