Оскаровката Ен Хатавеј е во петтиот месец на бременост. Таа и сопругот Адам Шулман го очекуваат своето прво дете. 33 годишната Ен никогаш не криеше дека сака да биде мајка.
-Јас од 16 години сакам да бидам мајка, но исто така ми беше јасно дека сакам да имам кариера. Сега доаѓам на возраст кога не можам да погодам кога тоа ќе се случи, но одам натаму – рече таа во едно интервју.
Е! News ги објави првите фотографии на кои се гледа трудничкото стомаче на популарната актерка.
Ени и Адам стапија во брак во септември 2012 година, по 4-годишна врска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.