Холандскиот премиер Марк Руте смета дека доколку ЕУ не успее да го запре напливот на бегалци, се соочува со опасноста да ја доживее судбината на Римската Империја.
Руте повлече паралела меѓу моќната, богата и распослана на три континенти Римска Империја, која почнала да се тресе од внатрешните социјални немири и зголемената нееднаквост меѓу луѓето, за да се распадне со навлегувањето на разните племиња на нејзината територија, и актуелната мигранстака криза со која се соочува ЕУ.
– Големите империи во историјата секогаш пропаѓале ако не ги заштитувале добро своите граници, како што тоа му се случило на Рим на крајот од неговото постоење, изјави Руте.
Холандскиот премиер притоа предупреди дека ЕУ мора итно да дејствува за да го запре напливот на имигранти на нејзината територија.
Само оваа година, во Грција, на патот кон Западна Европа, влегоа околу 700.000 имигранти. Во исто време, во Италија пристигнаа уште 140.000 други, главно од Африка, кои до европскиот брег доаѓаат преку Либија во која по соборувањето на Моамер Гадафи нема никаква власт за да ја спречи илегалната миграција.
Напливот на имигранти од двата правци кон ЕУ, претствува најголема мигрантска криза во Европа по завршувањето на Вторатат светска војна.
Руте, сепак, изразува надеж дека Самитот ЕУ-Турција посветен на бегалската криза, што е закажан за в недела, ќе даде резултати.
– Убеден сум дека средбата на европските лидери со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ќе помогне за олеснување на сегашната ситуација, рече Руте.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти