| четврток, 6 декември 2018 |

Том Круз не ја гледа ќерка си бидејќи не му дозволува неговата црква

suri-cruise-tom-cruise
Американскиот актер Том Круз не се труди да биде дел од секојдневниот живот на малата Сури, тврди таблоидот National Enguirer, кој пишува дека Круз (53) од ќерката Сури (9), го оддалечила Саентолошката црква, затоа што девојчето претставува „потенцијален извор на проблеми“.

Всушност, им пречи фактот што поранешната сопруга на Том и мајка на Сури, актерката Кејти Холмс (36) е противник на нивната црква.

Актерот својата ќерка не ја има видено повеќе од две години.

Медиумите неодамна пишуваа дека Кејти се подготвува на суд да побара поголема алиментација за Сури, бидејќи наводно, девојчето навикнало на луксузен начин на живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top