Во новиот број на неделникот Република кој е во продажба од денес, 27.11.2015 година, ќе читате:
Катастрофален пад од 30 проценти
Каков лидер, таков рејтинг
„Рејтингот на Заев“ делумно изгледа како проблем само на СДСМ и македонската опозиција. Но, зад рејтингот на Заев се крие и проблемот на целата македонска демократска определба. По враќањето кон насилните стратегии за рушењето на системот, ставањето на сувереноста како влог за политичка позиција, раната која ќе ја остави „заевизмот“ во општеството уште долго ќе треба да се лекува.
Заев бара спас
Во Љубљана по нарачани анкети
Нонстоп од Струмица во Скопје, па – оп, пеш во Атина. Следуваа Тел Авив и Ерусалим, а меѓу нив постојано се оди во Белград, а сега и во Љубљана. И пак Скопје. Вака би изгледала „Одисеја 2015“ на лидерот на СДСМ. Во време кога Институтот ИФИМЕС поради своите происламистички ставови е под опсервација на Словенечката контраразузнавачка безбедносна агенција?! Се бараше ли во Љубљана чаре за анкетите, т.е. конечно една подобна, добра анкета за партијата? Макар дотерана. А изборот на контроверзни партнери како да е дел од битисувањето на СДСМ…
Бегалска криза
Фала Европа, не брани нѐ!
Претседателот на Европскиот совет, конечно, реши дека треба да ја посети Македонија, но не за да изрази поддршка на македонските граѓани, кои неправедно со години чекаат во редот пред вратите на Европската унија, туку да ни кажел дека ЕУ била со нас и е подготвена да ни помогне за бегалската криза. Фала Европа, не брани нѐ! Доналд Туск добро знае дека 90.000 евра помош, колку што досега Брисел ѝ дал на Македонија, е смешна за да ја споменува како поддршка, ако се има предвид дека државата што со години чека да биде примена во европското семејство, ни крива ни должна, за да му помогне на богатиот и непринципиелен полубрат, досега потрошила 10 милиони евра за транспорт и за згрижување на бегалците.
Како до пониски трошоци
Преполовете ги сметките за струја
Градење енергетски ефикасни домови е единствен начин да се заштеди до 50 проценти енергија, а тука некаде е и заштедата во сметките. Инвестицијата во овој дел многу брзо и повеќекратно се враќа, а придонесува и за зголемување на комфорот на живеење. Материјалот од која се гради, но и добрите прозорци и врати што се поставуваат, се пресудни за пониски трошоци за сметки на секое семејство.
Легализација на марихуана
Лек или зависност?
Некои истражувања покажуваат некакви ефекти на канабиноидите врз клетките на рак, некои, пак, покажуваат повреда на клучни клетки во крвните садови. Во некои случаи канабиноидите можат дури да поттикнат и пораст на канцерогените клетки, но и други многу негативни ефекти, во зависност од употребата. Сепак, има истражувања што велат дека со комбинацијата на хемотерапија со терапија со канабиноиди може да се постигне добар ефект.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст