| четврток, 6 декември 2018 |

Вооружен напад врз полицајци во Белфаст

бел

Полицијата на Северна Ирска соопшти дека врз двајца полицајци во Белфаст е извршен напад со огнено оружје, со намера тие да бидат убиени. Инцидентот се случил доцна синоќа, во западниот дел на градот, во кој живеат северноирските католици и се случил во моментот кога полицајците биле во рутинско истражување околу еден потпален автомобил. Во тие моменти, врз полицајците непознати лица отвориле оган од автоматско оружје, но тие останале неповредени.

-Станува збор за налудничав и безмилосен напад, за да се убијат луѓето – изјави денеска шефот на локалната полиција, Најџел Гримшо, забележувајќи дека полицајците имале голема среќа што се сеуште живи. Полицијата проценува дека синоќешниот вооружен напад „става печат на однесувањето на дисидентите­републиканци (католици) во последно време“.

Отворена е истрага за обидот да се убијат двајцата полицајци, а полицијата сега настојува да утврди дали постои поврзаност меѓу истрагата за потпаленото возило и вооружениот напад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top