Кинеските медиуми информираа за посетата на македонската делегација предводена од премиерот Никола Груевски на Кина и за средбата со премиерот на земјата Ли Кечијанг. Медиумите истакнуваат дека Кина во Македонија препознава доверлив партнер, како и за ветувањето на Ли Кечијанг дека ќе продолжи и интензивира економска поддршка кон Македонија.
„Кинескиот премиер Ли Кечијанг се состана со македонскиот премиер Никола Груевски во Пекинг во четвртокот, ветувајќи поголема соработка во изградбата на инфраструктурата и индустријализацијата.
Посочувајќи ја Македонија како доверлив пријател и партнер на Кина, Ли рече дека Кина е подготвена да работи со Македонија во надградба на железници, автопати и енергетски централи, како и да се прошири трговијата со земјоделски производи.
Тој вети дека ќе ги охрабри кинеските претпријатија да учествуваат во индустрискиот развој на Македонија.
Груевски, кој што во Кина учествува на четвртиот самит меѓу Кина и 16 држави од Централна и Источна Европа (ЦИЕ), изјави дека овој механизам на „16 + 1“ во голема мера ја зајакнува соработката на ЦИЕ со Кина.
Македонија го поздравува вклучувањето на кинески компании во земјата во делот на проектите за хидроелектрификација, гасификацијата, транспортот, индустриските комплекси, производството на храна, цемент и проекти за преработка на метали, вели Груевски“- пренесуваат кинеските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Кина најпосакувана туристичка дестинација во наредното десетлетие
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница