| четврток, 6 декември 2018 |

Киднапирано 15-годишно девојче кај Валандово

Ноќва во 1.15 часот во полициската станица од ОН-Валандово, С.А.(35)  од с.Калково, пријавил дека околу 1.00 часот во с.Калково од страна на непознати лица од била грабната неговата петнаесетгодишна ќерка, по што со црвено возило „фолксваген пасат“ се упатиле во правец на Неготино, а потоа кон Радовиш.

Од преземените мерки било дознаено било дека се работи за лицата: Е.М.(21), Ѓ.Д.(25) и  М.А.(17), сите од с.Градашорци.

Од страна на полициски службеници од ПС од ОН-Радовиш грабнувачите се лишени од слобода за натамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top