| четврток, 6 декември 2018 |

50-ина кандидати се пријавиле за членови во ДИК

drzavna izborna komisijaСобраниската комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да утврди листа на пријавени кандидати по Одлуката за објавување на јавниот оглас за избор на претседател и членови на Државната изборна комисија. Според информациите од Собранието, на огласот, којшто заврши во понеделникот се пријавиле педесетина кандидати.

На дневен ред на оваа Комисија е и утврдување на предлог за избор на член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија.

Седница денеска ќе одржи и Комисијата за одбрана и безбедност на која на дневен ред се предлог-одлуки за испраќање припадници на АРМ во мировните операции „Одлучна поддршка” во Авганистан и „Алтеа” во Босна и Херцеговина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top