| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Попоски на состанок со Федерика Могерини

­ poposki mogeriniМинистерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе оствари работна посета на Брисел, при што е предвидено да оствари средба со Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини, соопшти МНР.

На состанокот се очекува да се разговара за предизвиците и перспективите во европскиот интегративен процес на Република Македонија, во светлина на неодамна објавениот извештај на Европската комисија.

Исто така, се очекува да бидат разменети мислења во однос на актуелните случувања во доменот на надворешната и безбедносна политика на Унијата, вклучително и за миграциската и бегалската криза, се наведува во соопштението од Министерството за надворешни работи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top