Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб, Работнички, конечно во третиот обид го победи Фени индустри и тоа во Кавадарци со 81 – 73. Триото Зивчевиќ, Абукар и Јелесиевиќ, беше незапирливо и заедно постигнаа 54 поени во блескавата победа на тимот од Скопје. Абукар имаше и 9 скока, а гостите ја завршија работата уште по првиот дел, кога водеа со 41-33. Во третата четвртина Фени ја намали разликата, но Работнички не дозволи комплетен пресврт, иако домаќините на 2 минути до крајот стасаа до еден поен негатива. Американецот Абукар беше прецизен од поле, а потоа од линијата за слободни фрлања ја запечати вредната победа. Тој го заврши мечот со 19 поени и 9 скока, Зивчевиќ беше најефикасен на мечот со 20 поени, а центарот Јелесиевиќ додаде 15 поени. Работнички по 3 рунди во Суперлигата има максимален учинок и со МЗТ Скопје се едеинствените две екипи без пораз.
Кај Фени кој годинава ги доби првите два дуели против денешниот противник, се истакнаа Соколов со 17 поени, Мекинтош со 14, а Трајковски даде 11 поени. Тој беше сопрен од страна на гостите и тоа беше клучот на успехот на Работнички. Во претходните две победи на Фени перотив Работнички, токму Трајковски беше човек на одлука, но овојпат не најде противигра под обрачите и против одбраната на скопјани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.