Овен
Зад вас се главните тестови кои моравте да ги поминете токму во врската, љубовта и интимноста.Повеќе не сте толку загрижени, затоа што знаете што ви одговара, а што не.Односите кои се темелат на доверба и силна припадност ќе поминат сосема неповредено во овој период.Сеедно, никако не откажувајте се од дијалог и разговор за се што ве мачи или ве загрижува.Се чувствувате многу поопуштено кога е во прашање блискоста со некој.Доколку имавте некое разочарување во текот на минатите месеци, тогаш нешто и научивте.Сега секако тргнувате со повеќе лична вера и помудри нанапред.
Бик
Есента најверојатно ќе ви донесе нова љубов, само што е потребно да го проширите својот круг на пријатели или познаници, како и местата каде што се забавувате.Можеби токму помеѓу тие нови пријатели ќе забележите некој кој би можел да биде ваша нова симпатија, или љубов.Трајните врски дефинитивно може да одлучат дали односот ќе трае малку подолго и каков ќе биде.Се сфаќате доста добро и лично особено на интимно поле.Тоа би можело да биде поради емоциите или животните околности.Било како што било, интимноста и со кого ја делите е подрачје кое ќе го сфатите сериозно оваа есен.
Близнаци
Што се однесува до љубовта и интимноста овде се поставува прашањето колку самите сте задоволни во врската во која што сте.Доколку се е во ред, спремни сте за договор за заеднички живот, затоа што сакате да направите еден чекор напред.Доколку врската веќе некое време ви е пред преиспитување и двоумење, тогаш сериозно поразговарајте.Имате чувство на несигурност и недоволност, било да се однесува за вас или за партнерот.Поработете на врската и дајте си малку време.Доколку сепак не оди, ќе знаете дека се обидовте.Врските кои сега ќе започнат, е можно да бидат само пријателски и необврзувачки.
Рак
Поддршката од планетите на љубовно поле ја имате.И онака тешко може да живеете без тоа да знаете дека некој ви припаѓа и дека за некого вие сте исклучителна личност.Доколку сте во врска посветете му малку време на партнерот, личноста која ве сака и поддржува.Можеби во тоа ќе бидете малку посесивни, но на партнерот тоа ќе му се допадне.Овој период е поволен за проширување на кругот на пријатели и меѓу нив да пронајдете интересна личност.Добра идеја е и да се вклучите во некој клуб и на тој начин да го споите корисното со задоволството.Се е подобро, отколку само да седите, чекате и да замислувате романтични настани, кога всушност..може и да ги добиете.
Лав
Што се однесува до емоционалниот дел од животот, би требало да бидете задоволни.Врските кои веќе некое време траат, без некои поголеми проблеми продолжуваат во своето траење.Некои меѓу вас се одлучуваат на заеднички живот, па и брак.Сатурн кој влијае на вас и вашиот знак бара сериозен, традиционален пристап кон било што.Од друга страна, сега нема да ви појдат од рака несериозните или површни врски во кои сакате само да ја воодушевите другата страна.Тоа во следниот период нема да ви појде од рака.Па, ќе мора да направите пауза од романтични настојувања, што може и не е така лошо.
Девица
Доколку сте во потрага по сродна душа пред вас е времето да ја побарате.И тоа онаа вистинската за која и онака размислувавте.Јупитер ќе ви помогне.Сатурн од вас бара при тоа да бидете сериозни и предани.Поинаку нема да оди.Долготрајните врски секако мора да се обидат да ги обноват своите завети или ветувања, затоа што стариот начин не ви носи ништо добро, туку ве опседнува, ве прави незадоволни и критични.Отворено поразговарајте со партнерот за тоа кому што му одговара, и нормално..бидете искрени.
Вага
Односите во кои се наоѓате обидете се да ги стабилизирате.При тоа покажете ја вашата кооперативност и разбирање.Секако дека е потребно и другата страна да покаже искрена желба и да се насочи кон иста насока кон вас.Доколку сте во врска веќе неколку години, можеби заеднички ќе донесете некоја одлука за понатаму.Купување на недвижнини или други работи е нешто што ве радува и двајцата, и секако е добар доказ дека и понатаму стоите еден до друг и така сакате да останете.Со тоа вашата љубов покажува дека е зрела и посилна од порано.Доколку барате сродна душа, за сега е подобро да склопите само пријателство кое постапно ќе се развива во нешто повеќе.
Скорпија
Идната недела ќе имате премногу барања за односот во кој што сте.Доколку го завршивте, дозволете си малку простор да видите што и како понатаму.Во текот на овој период не очекувајте никаква игра од судбината или Аморова стрела.Она што ќе трае започнува од пријателство, до препознавање а потоа развивање на понатамошни припадности со незибежно чувство на сигурност и трајност.Во текот на овој период не се можни нови љубовни врски.Многумина кои се во врска ќе сакаат да ги потврдат со заеднички живот или зголемување на семејството.Влијанието на Јупитер на вашиот знак ќе се огледа низ мир особено кај оние кои поминале тежок период.
Стрелец
Клучниот збор за периодов а и за вашиот знак би можел да биде – без претерување, молам.Односот на вашиот владетел Јупитер и Сатурн може да предизвика неколку неспретни чекори.Вие ќе сакате едно, партнерот ќе очекува друго.На крај и двајцата сте само збунети или разочарани.Личната самодоверба и опуштеноста е дека се е во ред во врската во која сте и не значи дека треба да се однесувате мрзеливо и незаинтересирано.Занемарете ги романтичните соништа, кои сега и онака не можат да ви го дадат она што го очекувате.Слободните нека земат здив и да размислат за тоа што вистински сакаат.
Јарец
Прашањата кои се однесуваат на односите со вашите најблиски, домот, децата, семејството, ќе бидат главна тема во овој период.Вашата посветеност кон работата и грижата за сите тие работи е секако нешто што не се занемарува.Проблемот би можел да се јави поради грижата да заборавите на убав збор, поддршка, слушање и вистинско квалитетно поминато време со партнерот.Тој не ве обвинува за негрижата, дека можеби и слушате погрешно или не ги разбирате зборовите кои ви се упатени, туку за емоционалната дистанца.Слободните ќе запознаат интересни личности, а се зголемува и можноста дека е личноста од странство, друго потекло или обичај.
Водолија
Што се однесува до љубовта, средбата со интересна личност во периодот кој е пред вас, не е погодна за романтика.Од друга страна ниту вие сами не сте за нешто сериозно, трајно, барем не засега.Не дозволувајте минатото да ви ги упропасти приликите за нов почеток или напредок преку однос кој вие го посакувате.Оставете го таму каде што припаѓа, во минатото.Трајните односи секако ќе имаат мирен период отколку претходно.И сами ќе бидете по-чувствителни од претходно, па ќе ви биде драго и вистинско задоволство да имате некој до себе и на своја страна.
Риби
Сатурн ви најавува проблематично и меланхолично расположение кое ги расипува дури и добрите односи во кои сте.Не очекувајте дека партнерот ќе ве потсетува на добрите работи од некоја ситуација, ќе ве опсипува со позитива, затоа што тоа ќе му стане напорно.Прифатете дека секој има тешки моменти кога се прашува дали се за што се живее има некоја цел, која вие во моментов не ја гледате.Од друга страна од вас се очекува добро да размислите што не оди во врската и како да го решите тоа.Сеедно, внимавајте и како ги решавате работите.На слободните им претстои квалитетна врска, па причекајте некое време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


