| четврток, 6 декември 2018 |

Девет жени застанале меѓу усташите и партизаните, а за возврат го добиле Пичковац

picture-003
Меѓу бројните познати и историски одбележани битки во Втората светска војна има и купишта такви кои тонат во заборав. За да не се заборави најважната битка за Шандровац, во близина на Бјеловар, мештаните пред една година во знак на сеќавање Горната улица во селото ја преименувале во Пичковац. Овој несекојдневен назив треба да го оживее споменот на еден јулски ден во 1943 година кога се водела историската битка за таа улица. За разлика од битките во кои најголемиот товар го понесувале мажите, во Шандровац жените биле фактор во војната.

Девет жени застанале меѓу усташите и партизаните и спречиле колеж во кој сигирно ќе имало многу жртви. Бидејќи нема живи сведоци на воената драма, приказната се пренесува од уста на уста до денешен ден.

Повеќето мажи биле мобилизирани уште првите денови на војната. Во селото останале главно млади жени. Усташите биле на неколку стотини метри од левата страна на улицата, на која од другата страна на шумата незабележани влегле партизаните. Изгладнети и заморени од долгото пешачење побарале да јадат во блиските куќи. Домаќинките им приредиле гозба. Откако се нагостите, решиле да им учинат на младите невести кои со години не ги виделе своите мажи и токму кога страста кулминирала, а партизаните се опуштиле, сметките им ги помрсил млад кодош. Од љубомора или од некоја друга причина им кажал на усташите дека партизаните ја окупирале Горна улица. Усташите веднаш тргнале по брдото почнале да пукаат. Затечени, партизаните искокале од креветите, со смкнати гаќи избегале во шумата. Наместо на партизани, усташите налетале на голи жени, па се откажале од идејата да одат по партизаните во шумата, туку решиле да продолжат таму кај што застанале партизаните и на тој начин да си ја земат наградата за ослободувањето на Горна улица. Иако мештаните ги знаат имињата на деветте храбри жени, не ги кажуваат, зашто сепак името на улицата е нешто како споменик на незнаен јунак.

Кога виделе дека усташите не доаѓаат во шумата, им станало јасно за што се работи, па кога си дошле на себе, излегле на улицата, па почнале да пукаат. Овојпат, усташите со смкнати гаќи се дале да бегаат. Штом избегале, партизаните се вратиле да си ја завршат работата и да им се осветат на жените за предавството.

До вечерта улицата седум пати преминувала од рацете на едните во рацете на другите. Бидејќи по секоја размена на нежности залевале со вино и ракија, некаде предвечер им дошло преку глава бесмислено да војуваат, па си подале рака.

Организирале вистинска фешта. Се ограло оро околу оган кој горел до утрото. Ги испофрлале капите за примирјето подолго да трае. Утрото не се знаело кој од која страна е Мамурни се облекле, им заблагодариле на храбрите жени и со лути погледи се разделиле од непријателот. Така храбрите жени дале најголем придонес во битката за Шандровац и не паднала ничија глава. Немало победник, но ни поразени. Приказната дури вели дека од битката се изродила и челад.
Затоа, редно било да им се оддаде почит на жените кои храбро, со оружјето кое го имале го одбраниле селото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top