Вчера околу 12.30 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово , кај автобуската постојка кај земјоделското училиште, 4-5 непознати лица со насилно отварање на една од вратите, влегле во автобус на „Башким Турс“ и со метални боксирачи ги нападнале учениците од Економско училиште во Тетово, И.И.(18) и М.Б.(19) двајцатаод с.Боговиње.
Истите се здобиле со повреди во пределот на лицето и главата, по што биле упатени во Клиничкиот центар во Тетово, за укажување лекарска помош.
Во врска со настанот приведен е Љ.Б.(18).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.