Линијата на парчиња облека со која деловниот стил може да добие сосема ново значење се движи од шик пантолони, до совршени црни фустани. Може да бидете модерна, но и понатаму да бидете конзервативна во канцеларијата. Само треба да знаете кои трендови се дозволени, а кои треба да ги оставите за по работа.
Минимализам
Чисти линии и едноставни силуети на минимализам се совршени за секое деловно опкружување.
Пренагласени рамена
Пренагласените рамена повторно се хит оваа есен. За да го практикувате овој тренд во прв план, другиот дел од вашиот изглед треба да биде едноставен.
Слоевитост
За да го усовршите овој стил за есента, останете во истата палета на бои бидејќи така ќе изгледате полуксузно. Модните додатоци треба да бидат поедноставни, а ткаенините лесни.
Панталони со широк крој
Можеби еден од најпопуларните трендови за сезоната есен-зима 2015 година, широките панталони, едноставно, мора да ги имате во својот орман. Долги или до глужд, шарени или еднобојни, постојат многу варијанти на овој тренд и сигурно ќе пронајдете еден што ќе одговара на вашиот стил.
Плетен елек
Плетен елек врз ролка е, едноставно, неодоливо. Еден совет: Избегнувајте карирани елеци. На овој тренд најмногу одговараат крем елеци.
Фустани преку панталони
Не отпишувајте го овој тренд, може да изгледа многу шик. Само внимавајте ткаенините да не бидат крути, туку да бидат меки, бидејќи сакате да изгледате отпуштено и едноставно, а не исфорсирано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст