Предметите во домот и нивната поставеност влијаат врз вашето расположение и врз енергијата во вашиот дом, се тврди во Фенг шуи.
1. Растенија
Aкo во вашиот дом нема ниту едно растение што ќе внесе малку живот, не е ни чудо што енергијата и расположението ви се на минимум. Растенијата може да го прочистат воздухот дури и во затворени простори, а зеленилото помага и во намалување на стресот.
2. Tелевизор
Експертите често предупредуваат дека на телевоизорот местото никогаш не му е во спалната соба. Прво, неговиот екран ја загрозува способноста квалитетно да спиете. Докажано е и дека двојките што во спалната соба имаат телевизор имаат помалку секс.
3. Светлина
Единствениот извор на светлина во вашиот дом не смее да биде само на таванот. Опремете ги повеќето агли со ламби и запалете ги малите светилки вградени во кујнските елементи.
4. Ходник
Куп расфралани чевли, палта или работи на влезот од домот се предуслов за лошо расположение. Таа зона секогаш нека ви биде чиста и уредна.
5. Сина боја
Oдредени нијанси на сината можат да влијаат многу студено и да ви даваат чувство дека сте надвор, а не дома, поради што нема да се чувствувате убаво и удобно.
6. Еднобојност
Перничињата, прекривките и деталите во домот, секогаш избирајте ги во силни бои, една или неколку помешани. Така на својот дом ќе му дадете посебност, а убавата и колорична глетка ќе ви даде многу енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


