| четврток, 6 декември 2018 |

Предизвик со кондоми го заменува лудилото „Леден предизвик“

predizvikatelstvo-s-kondomi-zamenq-ludostta-ledena-kofa-(video)-340870

Нов вид предизвик со кондоми популарен на социјалните мрежи.
Манијата е особено популарна меѓу тинејџерите. На социјалните мрежи „Инстаграм“ и „Твитер“ секој ден се објавуваат десетици видеа, во кои младите полнат кондоми со вода и ги ставаат врз главата на свои пријатели.
Целта на идиотскиот предизвик е кондомот да не пукне, додека паѓа на главата на тинејџерот, туку да пукне под притисокот на течноста, додека ја зафаќа главата на жртвата.
Многу од учесниците признаваат дека успешната имплементација на трикот не секогаш беспрекорна.

Според сајтот „Mashable“ новата манија тргнува од јапонско видео, објавено во 2013 година, во кое девојка ги објаснува недостатоците на машките кондоми.
Медицински лица советуваат да се избегнува учеството во новата манија, бидејќи во него се крие опасност од тешки повреди на вратот, а и материјалот на кондомот може да ја затне устата и носот и така да запре дишењето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top