Утре, петок, 27 ноември, Центарот за Даунов синдром организира Тркалезна маса на тема „Искуства, совети и заеднички иницијативи“ за подобар, поквалитетен и поисполнет живот на лицата со Даунов синдром и пречки во развојот.

Покрај презентациите и обраќањата од Амбасадорот на Р. Грција и Конзулот во Битола, Здруженијата од двете страни на границата и претставничка од Делегацијата на ЕУ ќе следи дискусија, по која планирано е да има Група за поддршка на родителите на која семејствата ќе имаат можност за разговор со претставник/ци од Министерството за труд и социјална политика. Темите ќе зависат од прашањата на семејствата кои ќе следат по кратката презентација на претставниците од МТСП за најновите промени и досегашната практика и легислатива во врска со правата и обврските на лицата и семејствата со Даунов синдром.
Настанот се организира со средства од општината Битола за поддршка на работата на Центарот за Даунов синдром и неговиот огранок во Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


