САД ги користат сексот, парите и западниот начин на живот за да се интегрираат меѓу највлијателните луѓе во Иран, изјави денеска високиот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, цитиран од „Ројтерс“.
Изјавата на Хамнеи, кој го има последниот збор за сите државни прашања, беше дадена во телевизискиот етер по бранот апсења на новинари и интелектуалци од страна на властите, поради стравувања од пенетрација на западното влијание.
Според Хамнеи парите и сексот ги менуваат ставовите, верувањата и начинот на живот, па човек може да почне да размислува како американец.
– Главните цели на таа пенетрација се елитите, највлијателните луѓе, оние кои ги донесуваат одлуките. Тоа е многу опасно – рече високиот водач на Иран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.