Поголема безбедносна соработка во регионот и размена на чуствителни податоци и брза интеграција на сите земји е неопходна за да се зголеми сигурноста, порача претседателлот Ѓорге Иванов на вонредниот самит на Процесот Брдо – Бриони што денеска се одржа во Загреб.
Самитот, како што посочи е вонреден бидејќи се отворија прашања поврзани со мигрантската криза и бегалците.
– Овие прашања го оптоваруваат целиот наш регион и цела Европа. Безбедносните прашања не се поттикнати само од настаните во Париз, туку на многу места на планетава се случуваат агресивни чинови кои се израз на одредени терористички акти. Во нашиот регион и покрај сета соработка што досега ја имаме и стекнатата доверба особенно преку Брдо – Бриони процесот, сепак во сферата на безбедноста отсуствува соработка, размена на податоци и доверба за да се разменат чуствителни податоци од сферата на безбедноста, изјави Иванов.
Тој истакна дека од регионот има повеќе од илјада борци на боиштата во Сирија и Ирак, а 60 отсто од нив се веќе вратени во регионот, а тоа, како што посочи, е состојба која загрижува.
– Затоа е неопходна соработка меѓу безбедносните служби и да се разменуваат чуствителни податоци за да не се случат слични настани и во нашиот регион какви што имаше во Париз, рече Иванов.
Потенцира дека и бројот на бегалците наместо да се намалува како што доаѓа зимата се зголемува.
– На македонско-грчката граница сега имаме илјадници луѓе од Мароко, Јемен, Северна Африка, Бангладеш, Пакистан,… Коридорот што беше отворен од бегалците од Сирија и Ирак сега го користат економски мигранти за да патуваат кон Европа. Сите земји се соочуваат со големи издатоци да им ги покријат хуманитарните потреби зашто им треба храна, вода и медицинска помош. Македонија веќе се ближи до 10 милини евра потрошени во овој период, а помош нема од никаде освен одредени симболични суми што ги добиваат нашите хуманитарни организации од други слични организации, истакна Иванов.
Тоа, според него, укажува дека треба да се преземат мерки зашто земјите како Шведска преземаат мерки, а и Германија планира да направи исто, за што е свикан и Самитот меѓу ЕУ и Турција од каде доаѓаат најголем дел од бегалците и мигрантите.
За пораките упатени на самитот во Загреб за што побрза интергација на земјите од Југоисточна Европа во ЕУ и НАТО, Иванов рече дека на претседателот на Советот на Европа Доналд Туск, кој веќе беше во Македонија, му укажале што не е сторено од неговиот претходник.
– Најголема е одговорноста на Европскиот совет бидејќи таму се блокирани евроинтеграциите во случајот на Македонија. Сите земји од регионот напредуваат, а Македонија поради отвореното прашање што го има со Грција стои во место. Затоа и на средбата што ја имавме во Скопје и сега укажавме доколку ние ги завршиме нашите обврски и ако се заврши како што е планирано со постигнатиот политички договор за време на кризата и ако изборите поминат во најдобар ред, тогаш е неопходно да се промени статус-кво состојбата со македонските интеграции и конечно Македонија да го добие тоа што и припаѓа, потенцира Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Во Загреб отворена голема ретроспектива на македонскиот игран филм