| четврток, 6 декември 2018 |

Неколку работи кои се забранети во Русија

rusija1

Владимир Путин во последните години стави забрани за доста работи. Некои од ограничувањата ги загрижуваат организациите за човекови права, додека пак други се прилично забавни за надворешни набљудувачи. Еве некои од нив, избрани од „Money CNN“:
Геј пропаганда
Пропагандата на нетрадиционални сексуални односи меѓу малолетници е нелегална во Русија. Во пракса тоа значи дека, секој кој ги штити правата на ЛГБТ заедницата или ги изедначува геј врските со останатите може да биде даден на суд.
B448F475-AC74-4CAE-A784-F7A55F2734BE_cx0_cy0_cw0_w800_r1

Анонимни блогови
Според законот усвоен минатата година, блогови со повеќе од 3 000 посетители дневно, треба да се регистрираат како медиумски извор и да ги следат законите на руското медиумско право. Според критичарите законот ја ограничува слободата на говорот, бидејќи опозициските блогови стануваат лесна жртва на кривично гонење.
John McCain in Kiev

Американскиот сенатор Џон Мекејн
Русија му забрани влез во земјата на американскиот сенатор Џон Мекејн и на други европски и американски официјални лица како дел од мерките против санкциите на Западот против Москва. Мекејн се чини не е многу загрижен од овој факт.
– Иако ова значи дека ќе треба да го поминам Велигден во Седона наместо во Сибир, не можам да бидам горд на тоа што сум санкциониран од Владимир Путин, коментира тој.

Мемити
Се сеќавате ли на оние мемити, во кои се прашуваше „Каде е Путин?“. Тие би биле нелегални во Русија. Законот во земјата забранува преработка на фотографии кои прикажуваат јавни личности на начин кој нема врска со нивната личност и кој ги загрозува нивната чест, достоинство и бизнис репутација.

UK - Child 44 UK Premiere in London

Филмот „Дете 44“
Русија го забрани прикажувањето на екраните на холивудскиот трилер „Дете 44“ со учество на Том Харди. Тој ја раскажува приказната за сериски убиец кој убива деца во ерата на Сталин, а Русија се пожали дека во филмот земјата е претставена како Мордор од „Господар на прстените“.

Вулгарности
Нецензурираниот јазик минатата година беше забранет во филмовите, телевизиските програми и други настани во забавната индустрија. За физички лица казната е до 2 500 рубљи (40 долари), а за фирмите до 50 000 рубли (700 долари).
Man Rolling Marijuana Cigarette

Сајтови поврзани со дрога
Руската комисија за контрола на медиумите и технологијата има право без судска постапка да го затвари секој сајт, кој изгледа нелегален. Законот има за цел да ги заштити децата од штетни содржини на интернет, но исто така е силно критикуван од страна на организацијата “Репортери без граници“, поради недостаток на транспарентност.
Дури и делови од Википедија беа исфрлени поради информации поврзани со дрога и самоубиства.

Чипкана долна облека
Русија, заедно со Белорусија и Казахстан, ја забрани чипканата долна облека. Земјите воведоа закон во 2013 година, кој заради заштита бара облеката, која има контакт со кожата, да содржи минимум 6% памук. Поголемиот дел од луксузната долна облека, сепак е направен од материјали кои имаат помалку од 4% памук и затоа е забранета.
The supermarket in AFIMALL City shopping center.

Храна од Запад
Москва забрани увоз на повеќето храни од САД, Европската унија, Канада, Австралија и други земји, како угнетувачка мерка против санкциите на Западот кон Русија, поради нејзините дејства во Украина. Земјата дури почна да ја уништува храната која биле нелегално увезена.

Сапуни од Запад
Руската агенција за заштита на потрошувачите забрани некои сапуни и детергенти, произведени од „Procter & Gamble“, „Colgate-Palmolive“ и германската „Henkel“. Според регулаторот нивните производи се токсични и не одговараат на руските безбедносни стандарди. Компаниите тврдат дека нивните производи се безбедни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top