| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски во посета на глобалната компанија Хуавеи

 

huavej 1Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски во рамки на посетата на Кина, освен средбите на политичко ниво  во Пекинг оствари и повеќе средби со компании, меѓу која е и посетата на седиштето на глобалната компанија за информатичка комуникациска технологија Хуавеи.

Компанијата е водечки бренд нa телекомуникацискиот пазар, производите од информатичкото општество и панирање, која се рангира во 500-те најголеми компании на Global Fortune.

huavej 2Премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски и заменик-министерот за економија Христијан Делев остварија средба со раководството на компанија и генералните менаџери Џим Лу и Џорџ Жанг.

Како што информита владината прес-служба, Груевски ги запозна претставниците на компанијата со условите за водење бизнис во Македонија, поволниот даночен пакет со кој располага земјата и отвореноста за привлекување на нови инвестиции.

Истовремено премиерот Груевски ја истакна заложбата на владата за инвестиции во образованието за што секоја година се одвојува 5 проценти од вкупниот буџет. Отворен е и нoв универзитет за информатички технологии „Свети Апостол Павле“, а постојано се прават реформи насочени кон развој на информатичкото општество.

huavej 3Инаку Хуавеи е компанија која има своја канцеларија за врски во Скопје. Со раководството на компанијата беше разговарано за разгледување на можностите за понатамошна продлабочена соработка и можностите за проширување на македонскиот пазар.

Претставниците на компанијата информираа за работата на компанијата и перформансите со кои таа располага. Џим Лу од Хуавеи истакна дека посетата на делегацијата е добра можност изворно да се запознаат со бизнис-можностите и потенцијалите кои стојат на располагање, но и дека тоа е доказ за посветеноста на владата, одличниот третман кон инвеститорите и отвореноста за бизнис соработка. Лу истакна дека компанијата Хуавеи има свои планови за проширување на нови пазари и дека детално ќе ги разгледа условите и можностите кои им стојат на располагање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top