Не е возможно Европа да биде цела, слободна и мирна без целосна интеграција на земјите од Балканот. Имаме и други одговорности ширум светот, но за Европа и САД е битна иднината на регионот на Југоисточна Европа, порача вечерва американскиот потпретседател Џо Бајден на затворањето на Самитот на лидерите на Брдо-Бриони процесот што се одржа во Загреб.
Тој истакна дека границите во Европа треба да ги поврзуваат земјите, а не да ги раздвојуваат, а токму затоа, како што рече, е неопходна интеграција на сите земји во Европската унија и НАТО.
– Тоа е најдобар начин за да се промовира стабилност, сигурност и просперитет. За тоа се неопходни реформи за да ја сузбијат корупцијата, да го подобрат владеењето на правото, да го зајакнат цивилното општество и независноста на медиумите, како и да ги реформираат оружените и разузнавачките служби. Ние сме подготвени да им помогнеме да го спроведат овој процес на сите кои сакаат да го направат тоа – потенцира Бајден.
Американскиот потпретседател го оцени напредокот на секоја од земјите од регионот и ги кажа своите забелешки, нагласувајќи дека вратата на НАТО останува отворена за сите.
– Во Македонија имаше политичка криза и доведе до забавување на реформите. За среќа новиот политичкиот договор што е постигнат предвидува избори пролетва и им дозволува на паритиите да ги продолжат неопходните реформи за да се придвижи земјата напред. Се надевам и ги охрабрувам да ги отворат вратите за интеграција да ги надминат проблемите вклучувајќи го и оној за името со Грција – рече Бајден.
Претседателот на Советот на Европа Доналд Туск рече дека ЈИЕ е од клучна важност за просперитетот и стабилноста на цела Европа.
– Мораме силно да го потврдиме процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западниот Балкан… Даваме целосна поддршка на дијалогот за споделување информации за безбедност, бидејќи терооризмот е заеднички глобален проблем. Затоа е потребен сеопфатен приод во борбата со оваа закана – рече Туск.
Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ рече дека теми на разговор биле актуелните предизвици и можностите за јакнење на стабилноста и безбедноста во ЈИЕ.
– Договорено е дека за постигнување на овие цели мора да се јакне трансатланското партнерство на САД и ЕУ и да се внесе нова енергија во процесот на проширување на Унијата за државите кандидати – порача Грабер-Китаровиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст