Најновото американско истражување покажува дека зимата неповолно влијае на жените. Истражувачите од Универзитетот во Индијана наведуваат дека зимата кај жените предизвикува нагли промени на расположенето и извесна доза на агресивност.
Причина за тоа тоа е хормоналниот механизам кој кај жените се активира под дејство на мрачните зимски денови.
Авторката на студијата Ники Рендон наведува дека истражувањето им помогнало на научниците подобро да ги сфатат хормоните и социјалните однесувања. Сега се води расправа за улогата на тестостеронот кој е регултатор на агресивноста кај мажите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.