Денеска, 25-ти ноември, ширум светот започнаа 16-те дена активизам со кои треба да се сврти вниманието, да се подигне јавната свест и да се предизвика конкретна акција за елиминирање на сите форми на родово базирано насилство.
Денешниот ден е одбран за Меѓународен ден за елиминирање на насилството врз жените за да се одбележи убиството на трите активистки од Доминиканската Република кои во 1960 година се брутално убиени поради нивниот бунт против диктаторскиот режим на тогашниот претседател на земјата Рафаел Труиљо.
16-те дена активизам траат до 10-ти декември, Светскиот ден на човековите права. Датумите не се одбрани случајно, туку со цел да се направи поврзување помеѓу насилството врз жените и девојчињата и кршењето на човековите права. Имено, токму насилството врз жените е едно од најраспространетите и воедно најмалку препознаените прекршувања на човековите права, од што во светски рамки страда секоја трета жена.
Скоро половина од жените убиени во текот на 2012-та настрадале од својот партнер или член на семејството. Статистички, силувањето и домашното насилство претставуваат поголема закана за жената отколку ракот, сообраќајните несреќи, војните и маларијата заедно. Податоците говорат и дека 603 милиони жени во светот живеат во земји каде семејното насилство сеуште не се смета за кривично дело. Исто така, на глобално ниво, близу половина од сексуалните напади се извршени над девојчиња помали од 16 години.
Вклучувањето на Македонија во глобалниот повик за активизам под мотото „Направи го твоето соседство портокалово“ (Orange your neighborhood), годинава се одвива преку повикот за ставање крај на насилството врз жените и девојчињата – сега!
Во текот на 16-те денови активизам испланирани се бројни активности: трибини, форуми, дебати, уметнички инсталации, театарски претстави и маршеви, а споделени се и идеи во кои доминира портокалована боја и чија цел е свртување на вниманието на целото општество за овој горлив проблем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст