| четврток, 6 декември 2018 |

Девојка од БиХ преку Фејсбук го бара таткото на нејзиното дете (фото)

На една Фејсбук страна за размена на информации и дружење  на младите од Сараево осамна шокантен статус.

beba-1355097477-239471

Имено, девојка од Сараево преку оваа страна го бара момчето со кој, како што тврди, останала бремена и родила вонбрачно дете.

-Сакам само да го поздравам Кемал Х. И да му кажам дека не е фер што се крие од мене и што ги сменил броевите од мобилните телефони. Сакам уште да му кажам дека родив девојче и дека не жалам поради тоа, а тоа што тој зборуваше дека му бев само летна „шема“ , тоа не чини – наведува девојката во својот статус.

Таа уште вели дека со Кемал се запознала на Боречко езеро  кога биле со извидниците.

Нејзиниот статус предизвика бројни коментари на оваа страна.

статусбеба

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top