| четврток, 6 декември 2018 |

Десет заповеди за успешна врска

Да се признае вината, да се замолчи кога тоа е потребно или да се биде љубезен кога сме имале лош ден е тешко, но и за тоа постои решение.

devojka i decko

Ова се 10-те заповеди со чија помош секоја врска или брак ќе станат совршени:

1. Можете да се налутите, но никогаш не се лутете двајцата во исто време.

2. Не викајте еден на друг.

3. Доколку некој мора да победи во кавгата, тогаш секогаш победник нека биде другиот.

4. Доколку мислите да упатите критика кон партнерот или партнерката, тоа нека биде на нежен начин.

5. Никогаш не ги споменувајте грешките од минатото.

6. Подобро да го занемарите целиот свет, отколку партнерот или партнерката.

7. Не заминувајте на спиење, пред да ги решите несогласувањата.

8. Секој ден пронајдете барем еден убав збор за партнерот, односно партнерката.

9. Ако грешиш, биди подготвен/а тоа да го признаеш и да го употребиш зборот „извини”.

10. За кавга се потребни двајца, а најчесто виновен е оној кој е погласен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top